Груевски: Очекувам уште посилен раст на индустриското производство во 2016

Годинава што измина кумулативниот раст е 4,9 на индустриското производство, а само во декември е 10,5. Работите очекуваме да продолжат како во декември, доколку нешто не го попречи тоа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Сител.

-Во 2015 целиот раст се оствари во месеците кога бше стивната политичката криза или ја немаше. Тоа се првите месеци од годината. Ако нема политички кризи и надворешни шокови, очекувам растот на индустриското производство да биде и посилен во 2016, што секако има директно влијание на отворањето на нови работни места, посочи Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.