Груевски од Ромпуј ќе се информира за расположението во ЕУ за Македонија

Целта на средбата со првиот човек на Европскиот совет, на само десетина дена пред Самитот, е од прва рака да се информира за расположението меѓу државите членки на Унијата за прифаќање на петтата по ред препорака од Европската комисија, Македонија да ги започене пристапните преговори со ЕУ, како и можноста за уште еден обид да се влијае за добивање на позитивен сигнал на претстојниот Самит на 19-ти декември.

Сепак, заклучоците за Македонија ќе бидат дефинирани на само два дена пред средбата на шефовите на државите и владите на земјите членки, на средбата на министрите за надворешни работи на 17-ти декември. Во текот на утрешниот ден, премиерот Груевски ќе има и обраќање на форумот во организација на Европската канцеларија „Конрад Аденауер“, како и средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.

Пред тоа, ќе ја посети и Универзитетската клиника во градот Лувен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.