Груевски: Овозможивме 120.000 нови работни места, за 4 години ќе овозможиме уште најмалку 64.000

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на митинг во Тетово истакна дека во нивната програма е предвидено во наредните 4 години да се отворат 64.000 нови работни места во Македонија и невработеноста да опадне од сегашните 28,6 на околу 22 отсто.

 

„Ако во седум и пол години успевме да овозможивме 120.000 нови работни места, зошто во наредните 4 години да не можеме да овозможиме најмалку 64.000 нови работни места. Ова го спомнувам да потсетам дека ние веќе имаме историја зад себе, бидејќи отворивме 120.000 работни места а сега со овој залет што го има во економијата можеме слободно да ветиме 64.000 нови работни места и да не се доведеме во ситуација утре тоа да неможеме тоа да го исполниме“, посочи Груевски.

Тој нагласи дека верува дека во Европа нема да се случи нова европска криза и дека нема такви предвидувања сега за сега.