Груевски, Пешевски и Јанакиески во судница за провизиите за кинеските патишта

Во кривичниот суд почнува судењето за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службената положба и овластувањата за лични цели, објавува „Макфакс“.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети од СЈО дека во 2012 и во 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да стекне имотна корист.