Груевски: Планираме изградба на голем број патишта низ Македонија

Планираме градба на голем број на патишта, експресни, автопатишта, регионални патишта и веќе започнавме дел од нив, автопатот Охрид-Кичево, автопатот Штип-Скопје, веќе се започнаа и во наредниот мандат ќе бидат завршени.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Тетово, кој додаде дека моментално се гради и автопатот Демир Капија-Гевгелија како и голем број на други патишта низ Македонија.

„Тука нема да застанеме, во нашата програма се предвидени многу повеќе и јас ве повикувам ги повикувам сите граѓани да ја прочитаат таа програма за да знаат што се ќе се случува во Македонија во нердните години“, порача Груевски од говорницата во Тетово.