Груевски: Поголем број на инвестиции, работни места и зголемување на стандардот

инвестиции

Заедно со мојот тим, заедно со секој кој сака и може да помогне, ќе направам се што е во моја моќ, не само да ги остварам дадените ветувања, туку и да остварам повеќе од тоа.

Секој од Вас, во новата година влегува со свои лични и семејни планови и проблеми, со лични желби и предизвици. Секоја индивидуа има свои цели, за кои да не заборавиме дека пред се е потребно добро здравје. Затоа, дозволете секуму од Вас да му посакам да има добро здравје, да го следи среќа, да има смиреност во душата, да дава и да добива љубов повеќе отколку било кога досега, и да ги оствари своите зацртани цели и планови.