Груевски: Политичкиот прогон е срам за Македонија

Се среќаваме со серизен политички проблем во Македонија од страна на актуелната власт, вели во ексклузивно интервју за телевизија Пинк, поранешниот премиер  Никола Груевски.

Во првото интервју за странски медиум, Груевски посочува дека Србија нема никаква поврзаност со неговите одлуки.

Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на унгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. По извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми, вели Груевски за Пинк.

Објаснува дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и дека во неа може да добие вид на престој, со кој е заштитен од натамошен политички прогон.

Додава дека политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, и дека не знае како натаму властите планираат да зборуваат за функционална демократија, кога државата членка на ЕУ доделува политички азил на поранешен премиер поради политички проблеми.

Се среќаваме со сериозни политички проблеми од страна на актуелната власт, посочува Груевски.