Груевски: Преку мерката бесплатен превоз за студентите месечна заштеда од околу 400.000 евра

Многу сум задоволен од проектот за бесплатен превоз на студентите. Тоа е еден од 40-те проекти за младите, на почетокот на оваа година објавивме 40 проекти за младите во Македонија и еден од позначајните проекти беше да им се овозможи на студентите бесплатен јавен превоз во ЈСП во Скопје, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“.

 

-Откако тоа се овозможи 22.000 студенти извадија легитимации за слободен бесплатен превоз и практично околу 400.000 евра секој месец се заштедуваат кај студентите. Тие пари што треба да ги платат за превозот остануваат во џебовите на студентите. Тоа на годишно ниво, ако се одземат оние летни месеци кога не работат факултетите и не важат овие поволности, на годишно ниво тоа е над 3 милиони евра средтсва кои наместо да ги уплатат се задржуваат кај нив, вели Груевски кој додава дека ова е една од поуспешните мерки кои биле промовирани.

 

Тој истакна дека мерката не само што е најавена и ветена, туку е и реализирана.

 

-Веднаш ја ставивме во функција и веќе студентите масовно ја користат оваа мерка. Така е и со голем број од другите 40 проект, многу од нив веќе се во функција, некои се во подготовка и некои се во завршна фаза. Тоа што сме го ветиле ќе бидат исполнети, дециден беше Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.