Груевски: Признанијата на агентите на Верушевски се јасни

Груевски: Признанијата на агентите на Верушевски се јасни, фото: МИА

Сите овие достигнувања, сиот тој труд и нови можности и проекти кои доаѓаат, сака да ги сруши преку ноќ. Со исценирана криза, со нелегално стекнати и креирани телефонски разговори, некој создаде криза, и се бори колку што може подолго таа да трае. Зошто? За да се падне економијата, народот да се разочара, и да гласа за СДСМ. Просто е. Многу е едноставно. Ова го посочи премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Прави и штета на сопствената земја, и обвини го ВМРО за тоа, а потоа прибирај ги разочараните гласови. Просто е, ама и многу себично истовремено. И многу на штета на својот народ и на својата држава.  Незнам уште колкумина веруваат на приказната од типот дека ние сами себе сме се прислушувале, Мијалков сам себе се снимал, јас сум се снимал себе и слични глупости и инсиниации, но знам дека има една работа од која сите овие заговорници на оваа теорија бегаат како од ѓавол, а тоа е дека двајцата ангажирани агенти на Верушевски, од кои едниот бил главен инжињер во МВР вработен во 1993тата а вториот бил шеф на петтата управа во времето на Верушевски, целосно признаа се што било и како било, и тоа токму пред истражните органи, пред сведоци, пред вклучена камера која согласно закон го снимила нивниот исказ, пред обвинител, со личен потпис, и во целосна законска процедура. Двајцата си кажале дека нарачките за нелегалното снимање и парите кои ги примале за тоа, не ги добивале од Мијаков туку од Верушевски, кој гордо им кажувал дека работи за странска разузнавачка служба која сака да ги има разговорите на македонските политичари и од власта и од опозицијата, рече Груевски.

Груевски рече дека тие признале затоа што за време на истрагата, македонските истражни органи ја открија целокупната нивна пишана скајп комуникација, во која во минатите години ова трио прилично отворено комуницирало и се договарало, од што делови видовме и во медиумите.

-А оној кој велеше дека речиси да не го познава Верушевски, стигна до тоа дека и кола му купил, и за работна виза во друга држава му средил и дека често го примал на гости. Оној кој пред два три месеци истиот тој човек ја лажеше јавноста дека скоро и да не го познава Верушевски, рече Груевски.