Сѐ прават и ќе се прават обиди да јас заминам од врвот на партијата заради истите тие цели. Овие луѓе кои сега се појавија и се нарекуваат „реформатори“, во минатото беа петти, шестти ешалон, кои што ништо не работеле за државата, туку за себе сработиле еден куп работи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за ТВ Нова.
„Тие се изнајмени, тие се под наем да завршат одредена работа и тие се горди со тоа, се фалат. Многуммина што контактираат со нив ми кажуваат како се фалат, за која Амбасада работат, кои Амбасади им даваат логистика, која Амбасада им дава апри, кои им се целите. Целта им била јас да се тргнам. Тие луѓе ќе се срамат додека се живи за тоа што го прават, не се свесни. Во моментот се горди затоа што некоја поголема сила им кажала дека стои зад нив и им држи грб, им го чува грбот. Еден ден ќе се срамат, ќе се срамат од своите деца и од своите внуци за тоа што го прават, од самите себе ќе се срамат“, рече Груевски.