Груевски се сретна со Хојт Брајан Ји

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска оствари средба со заменик помошникот државен сектратар задолжен за прашања  за Европа и Азија  Хојт Брајан Ји.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми врзани со надминувањето на политичката криза во државата, за начините и модалитетите за излез, како и за остварување на стратешките цели на државта во поглед на реализација на интеграциските процеси.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека партијата е насочена и посветена кон изнаоѓање на решенија кои се во насока на почитување на волјата на граѓаните и во функција на надминување актуелната политичка криза и креирање на услови за напредок.

g1

Соговорниците разговараа и за реформите за унапредување на состојбите во различните сфери кои се поврзани со интеграциските состојби. Груевски посочи дека приоритет се чекорите кои се поврзани со акцискиот план  на ЕУ во насока на континуирано унапредување на стандардите во повеќе области поврзани со интеграциските процеси.

Груевски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ од стратешки интерес останува членството во НАТО алијансата како и интеграцијата во Европската Унија при што е исклучително важна поддршката од различните партнери во остварувањето на зацртаните цели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.