Груевски се сретна со повеќе шефови на влади

Премиерот Груевски во друштво на српскиот премиер Ивица Дачиќ и премиерката на Словенија, Аленка Братушек

Премиерот Никола Груевски на неформалната вечера која за шефовите на влади на земјите учесници на Самитот на шефови на држави од Источна и Центарлна Европа и Кина, ја приреди домаќинот романскиот премиерот Виктор  Понта, се сретна со повеќе премиери кои се присутни во Букурешт.

Груевски имаше одвоени средби со премиерот на Литванија Алгирдас Буткевичиус,  премиерот на Унгарија Виктор Орбан, премиерот на Бугарија Пламен Орешарски, и со премиерот на Србија Ивица Дачиќ.

На средбите соговорниците размениле мислења за актуелните политички случувања како и за важноста за развивање на добри политички односи, и потребата за интензивирање на економските односи како добра база за остварување на продлабочено пријателство кое што ќе донесе бенефит во развојот на регионот на Источна и Централна Европа.

Соговорниците ги размениле искуствата во полето на економијата и надминувањето на актуелните предизвици при што pремиерот Груевски ја искористи можноста  на средбите да ги презентира мерките и активностите кои ги превезма македонската влада на тој план.

Истоврмено, премиерот Груевски ги запознал соговорниците со реформите и чекорите кои ги превзема македонската Влада за напредок во евроинтегративните процеси што е и стратешка цел на Република Македонија.

Самитот во Букурешт е добар пример за развивање на пријателски односи на државите и остварување на конкретен бенефит преку создавање на платформа за економски развој. Соговорниците се согласиле дека продлабочените пријателства создаваат добра клима за зголемување на трговската и инвестициска активност како и тоа дека заемната подршка и разбирање се клучни во постигнувањето на било каков напредок.