Груевски: Села нема храброст да излезе од Владата, иако знае дека Албанците се изиграни

На Албанците им ветува брда и долини за да ги земат во коалиција, како што е законот за јазици, но наместо тоа Заев, ќе пратат писмо до Венецијанска комисија, која, пак, ќе одговори по локалните избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на состојбата во Струга, каде се случи вистинска еколошка катастрофа, каде проблемот според зборовите на Груевски 40 дена не можеа еден пожар да изгасат, и Македонците и Албанците од тој град наместо живот добија можност да се затрујат. Проблемот не можеа да го решат ни СДСМ, ни Села и Мерко заедно, кажа Груевски.

„Но, важно е дека Села ќе размислел дали во Владата ќе остане ако не се донесе законот за јазиците. И треба ние во несвест да паднеме, демек Села ќе напуштел влада. Тоа што половина Струга е задушена во чад, тоа не е важно, важно е драма што прават. Се обложувам дека Села нема ни ронка храброст да излезе од владата. Се кладам јавно. Туку треба само пред гласачите да се испере зашто закон за јазици нема да има до локалните избори, а тој сѐ уште е во влада. Во влада е зошто му е така удобно, и заборави на потребите на Албанците, на реалните потреби на Албанците“, рече Груевски.

Кажа и дека ќе следуваат убедувања, уверувања, па малку драматичност, и на крај ќе излезе Села и ќе каже дека бил уверен од Заев дека наскоро или по изборите ќе се донесе законот.

И, како што рече Груевски, тогаш затоа ќе треба Албанците да гласаат за нивната коалиција и со исто ветување, два избора да ги измамат.