Груевски: Турскиот театар е капитална инвестиција која има огромно значење за развојот на уметноста

ФОТО: МИА

Започна изградбата на новиот Турски театар капитална инвестиција, која што има огромно значење за развојот на театарската уметност во Македонија.

По 63 години од опстојувањето на Турскиот театар во Македонија за прв пат оваа установа ќе има самостоен модерен и репрезантативе објект кој ќе претставува и еден вид културен центар за Турците во Македонија.

На свеченото поставување на камен темелник на Турскиот театар присуствуваше и премиерот Никола Груевски и владини министри, а присутна беше и турска делегација на чело со вицепремиерот на Турција Емрулах Ишлер.

„Уметноста е процес, а не производ и затоа ние треба да ја поддржиме“, истакна на денешното обраќање премиерот Груевски.

Тој потенцираше дека повеќе од половина век турскиот театар е двигател на македонската театарска уметност и досега 40 години заедно делеле објект со Албанскиот театар за конечно пред една недела да започне реконструкцијата на Албанскит театар и денеска изградбата на Турскиот театар.

Премиерот кажа дека Турскиот театар ќе биде модерен објект кој ќе го краси Скопје  и ќе биде на 8 нивоа од кои 5 надземни и 3 подземни.

Турскиот татар ќе биде со капацитет од над 450 постетители и ќе биде современ технолошки објект.

„Културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на нејзиниот простор. Различностите се богатство на државата по кое таа е препознатлива во светот, богатство кое треба да се негува и да се користи како извор на креативен потенцијал“, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Министерката потенцираше дека Турскиот театар и неговиот повеќедецениски подем во нашата театарска историја имаат неоспорно значење кое е подвлечено со фактот дека овој театар е единствениот на Балканот и во Европа, кој повеќе од половина век делува надвор од границите на матичната држава, Република Македонија.

„Во текот на изминатите седум децении овој ансамбл создаде специфичен и креативен театарски израз кој ја промовираше турската театарска традиција во културниот живот во нашата држава. Токму затоа Владата на Република Македонија и Министерството за култура го поддржаа проектот за изградба на новиот современ објект на Турскиот театар“, додаде Канческа Милевска.

Карабината на Турскиот театар треба да биде готова за 14 месеци, а изградбата е доверена на градежната фирма „Бетон“. Меморандум за изградба на овој театар помеѓу Македонија и Турција е потпишан уште во 2005 година и за изградба на театараот ќе помогне и Турција.