Груевски веќе не може да биде вратен во Македонија

Унгарскиот министер за правда Лазло Трошани кажа дека македонските власти попусто бараат екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, бидејќи тој веќе не може да биде вратен во Македонија откако доби азил во Унгарија.

Трошани во синоќешното интервју за унгарската телевизија „Ехо ТВ“ рече дека со тоа што му е одобрен азил, Унгарија признава дека Груевски е жртва на прогон и не може да биде екстрадиран.

Тој кажа  дека не е запознат детално со причините поради кои на Груевски му е одобрен азил, но кажа дека Канцеларијата за имиграција и бегалци донела одлука по темелна истрага и утврдила дека македонскиот експремиер со право се плашел за својот живот.

Трошани појасни дека сега Груевски може да добие патни документи и слободно да ја напушти Унгарија ако сака.