Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денес во амбасадата на Република Франција во Македонија се потпиша во книгата на жалост која е отворена по повод терористичките напади во Париз во кој животот го загубија и беа ранети голем број на недолжни граѓани.
Премиерот Груевски веднаш по терористичките напади испрати и телеграма со сочуство до својот француски колега во која истакна декамислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ. Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи, напиша Груевски додавајќи дека потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.