Груевски во посета на општина Илинден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари посета на Општина Илинден.

Груевски  ќе присуствува на пуштање во употреба на рехабилитиран локален пат Илинден – Марино  и ќе оствари средба со жителите на населба Илинден и населба Марино.

Во рамките на посетата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ќе присуствува и на поставување на камен темелник за изградба на постројка за производство на дизел гориво, добиено преку каталитичка деполимеризација, односно трансформација на отпадот, на германската компанија “Г.Р.А.Д. Екологија“ во стопанскиот комплекс Илинден.