Груевски во посета на Зелениково: Индустриската зона претставува можност за инвестирање и нови работни места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на општина Зелениково и индустриската зона која претставува можност за инвестиции и нови работни места, информираше тој преку социјална мрежа Фејбук.

„Од триесетина локации, 17 се продадени. Изграден е и пристапен пат во вредност од околу 300.000 евра. Дополнително е обезбедена и зона за домување односно парцели кои ќе се понудат на продажба како дел од проектот “Купи куќа”. Направени се и други проекти, а имајќи предвид дека општината располага со лимитирани средства и буџет, ова е добар напредок“, вели Груевски преку својот Фејсбук профил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.