Груевски на средба со Бајден. Во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе оствари посета на Соединетите Американски Држави.
Во рамки на посетата, премиерот Груевски во Белата Куќа во Вашингтон ќе се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден.
Се очекува теми на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Од Владата на Република Македонија ги потврдија информациите на МИА.
Инаку ова е втора средба на премиерот Груевски со американскиот потпретседател Бајден. Првата нивна средба се случи во февруари 2011 година.
Оваа претстојна средба е значаен чекор во унапредувањето на односите меѓу двете земји.
Република Македонија и САД се пријателски земји и имаат блиски меѓусебни односи. Двете земји имаат потпишано и Декларација за стратешко партнерство и остваруваат блиска соработка на политички и економски план.