Во новата програма се предвидува секоја година зголемување на пензиите за пет проценти, севкупно за четири години 21,5 отсто зголемување на пензиите, на сите пензионери независно од која вера и етникум е.
Ова вечерва го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Гостивар каде беше промовирана новата програма за следните четири години.
„Оваа прогрма предвидува зголемување на социјална помош на секој граѓанин кој е примател на социјална помош за пет посто секоја година, четири години тоа ќе значи 21,5 проценти. Оваа програма предвидува зголемување на платите во државниот сектор платите на полицајците, на наставниците и професорите, платите на здравстените работници, на оние што работат во железничкиот сообраќај, на сите вработени во целиот јавен сектор, сите оние кои ни помагаат во секојдневниот живот и што се грижат за Македонија и за нив е предвидено секоја година почнувајќи од оваа да се зголемат платите за пет проценти, севкупно 21,5 отсто,“ нагласи Груевски
Тој истакна дека ова е тоа конкретното за кое станува зборво програмата, каде има 2046 проекти кои се добро обмислени и насочени кон решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на животот.