Груевски: Заев бега од народот, знае дека ќе загуби со најголем пораз во историјата на СДСМ

Заев се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско,  дека ќе го доживее најголемиот пораз СДСМ досега. Ни договор сака да постигне, ниту избори сака да има.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски по 12 часовните преговори во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан на која присуствуваа партиските лидери.

Груевски во изјава за медиумите посочи дека атмосферата која Заев ја градел изминативе денови укажувала дека тој не сака да постигне договор.

-Брифинзите што ги пуштаа, интервјуата што ги даваше укажуваа дека ќе оди на таква варијанта за да не дојде до договор. Затоа што ако дојде до договор, тој треба да се појави на избори, пред народот и ќе изгуби со најголем пораз во историјата на СДСМ, посочи Груевски.