Груевски: Заев поставува услови за кои знае дека неможе да се договори

Заев поставува такви услови што знае однапред дека не може да се договори. Целта не му е да се договори, целта му е да се одолговлекува работата, цела држава да живееме како заложници негови.

Ова го истакна вечерва премиерот Никола Груевски по неуспешните 12 часовни преговори во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан.

-Целта му е чекајќи да се разреши некаква криза да почне да тоне економијата, а избори да нема, затоа што ќе ги изгуби изборите, тој тоа го знае, вели Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.