Груевски: Заев сака цела држава да живееме како негови заложници

По неуспешните преговори во Брисел премиерот Никола Груевски истакна дека Зоран Заев пристигнал таму за да НЕ се договори. Тој посочи дека целта на опозицискиот лидер е договор да не биде постигнат и цела работа да се одолговлекува.

-Целта на Заев е да живееме во Македонија сите како заложници негови, цела држава, два милиони луѓе, чекајќи да се разреши некаква криза. Да почне да тоне економијата, а избори да нема. Затоа што ќе ги изгуби изборите, тој тоа го знае, истакна премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.