(ВИДЕО) Груевски: Заев си ја трга “мувата од капата“ за случајот „Глобал“

Изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев за скучајот „Глобал“ е арогантно кажана од „ немајкаде“.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски како реакција на изјавата на Заев дека Владата шири лаги за „Глобал“, а дека тој е чист како солза .

„За Зоран Заев се може да се каже освен дека е чист како солза. Очигледано дека човекот си ја трга “мувата од капата“ и таа изјава личи на многу арогантна изјава која што ја кажа од „немајкаде“, изјави Груевски.