Груевски: Заеви си купија 22 отсто од фирма за пари со кои граѓаните може да купат само гарсоњера

СДСМ доживеа кадровски дебакл со поставување на неспособни кадри на клучни позиции, забележа во неделата Никола Груевски, во обраќањето на протестот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Неправда е што на местото на Веле Самак, кој дипломираше на Јеил и кој дојде од Мајкрософт, од Сиетл, се постави Рамиз Мерко од Струга. На местото на Бил Павлески, кој дојде од Хјули Пакард од Бостон, се постави Самка Ибраимоски, на местото на Горан Мицкоски кој дојде од Лондон, се назначи Зорица Апостоловска. Сте го виделе ли некој од овој кадар на Заев досега во јавноста и дали некои од нив ќе ги препознаете ако ги сретнете на улица. Неправда е што на местото на Виктор Мизо, кој дојде од Харвард, од Џенерал електрик и од МекКензи, дојде човек кој го шараше градов и е дел од пратеничката револуција“, спореди Груевски.

Кажа дека и неправда е мешетар како спрскиот државјанин Алескандар Обрадовиќ да биде имениван за советник на премиерот, како и ставањето на десетици активисти на Шарената револуција, на клучни места во администрацијата, со што според Груевски се докажало дека не битно кој колку е способен и искусен, туку кој колку го шарал градот.

„Неправда е и партискиот реваншизам и партиската чистка која се прави во државата, неправда се на улица избрканите вработени од Општина Карпош, од Општина Делчево, од Македонски Брод и од многу други општини, од министерствата и од Владата. Неправда е и мобингот кој се врши кон многу вработени од јавниот сектор, само затоа што политички се блиски или се поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Неправда е што има кривични пријави за вработените од помалите етнички заедници, ама од оној непрокопсан Рашковски, нема ништо за 1.600-те вработени од Рамковниот договор, кои самите признаа дека седат дома, а земаат плата“, додаде Груевски.

Продолжи со констатацијата дека неправда претстававува и непотизмот кој силно се развива, и притоа Груевски го спомена и генералниот секретар на владата Драги Рашковски, за кого кажа дека побрзал да си се стави во Собрание на акционери на Телеком, а дека има за фамилијата на неговиот шеф.

„Според пишувањата и на самите медиуми, текстилниот гигант Герас Цунев беше купен за само 20 илјади евра од прв братучед на Заев и со тоа кланот се стекна со сопственост од 22 проценти, од фирма која има над 7.000 метри квадратни атрактивен индустриски и деловен простор. За тие пари, сите останати граѓани на Република Македонија, можат да си купат гарсоњера и ништо повеќе“, изјави Груевски.

Напомена дека покус не останал ниту, како што го опиша вицепремиерот задолжен за економски рпашања – тендерашот Кочо Анѓушев, кој користејќи ја позицијата на вицепремиер во владата на СДСМ, на својата фирма ѝ обезбеди тендер за набавка на електрична енергија, кој под притисок на јавноста беше поништен.

Груевски говореше и за многу други измами, како што е фирмата Санос, како што е непуштањето на автопатот Демир Капија-Смоквица, кој е готов, но не се пушта за да се претстави како проект на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.