Група насилници напаѓа и ограбува луѓе кај зградата на МРТВ, засега не се идентификувани

Вчера во 16 часот во полициската станица Центар, 56-годишниот С.Н. од Скопје пријавил дека околу 13 часот на улицата „Кеј Димитар Влахов“ бил физички нападнат од четири лица, кои го истепале со тврд предмет а потоа му ги украле парите, информира Министерството за внатрешни работиР).

Претходниот ден, пак, и 59-годишниот скопјанец Џ.М, пријавил дека бил нападнат и ограбен на истото место.

„На 09.02.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, Џ.М.(59) од Скопје пријавил дека на 08.02.2022 во 14.00 часот на ул. Кеј Димитар Влахов две лица физички го нападнале и му одзеле паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.

Инаку, улицата Кеј Димитар Влахов се протега од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ и поминува покрај МАНУ, МКЦ, МТВ и МВР.