Група терористи од ИД побегнаа од затвор во Сирија

31

Група милитанти од терористичката Исламска држава избегале од затвор во североисточна Сирија, откако предизвикале немири и ја презеле контролата од чуварите, изјави .Мустафа Бали, портпарол на Сириските демократски сили предводени од Курдите.

Тој рече дека антитерористичките сили се обидуваат да ја вратат контролата во затворот во провинцијата Хашакех. Бали не прецизира колку затвореници избегале.

Тој рече дека бунтовниците презеле целосна контрола над приземјето на затворот и ја разбиле влезната врата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.