Група во Радишани нападнала три лица и им го оштетила автомобилот

Ноќта кон понеделникот, околу 1 часот по полноќ, во СВР Скопје бил пријавени физички напад врз три лица од страна на поголема група, која притоа го оштетила нивното визло.

Нападот го пријавил 29-годишниот Б.М. според кој инцидентот се случилна улицата „18“ во Радишани, кога тој, Ф.М. на 27 и  и Ј.К.на 31 година, сите од Скопје, биле физички нападнати од повеќе лица, кои го оштетиле и возилото „опел астра“  во кое се превезувале.

Како што е пријавено лицата користеле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.