Одредот платеници кои го убија претседателот на Хаити, Жованел Моис, се состоел од 26 лица, изјави министерот за избори и меѓупартиски односи, Матијас Пјер.
Безбедносните служби на Хаити вкупно идентификувале 28 осомничени за атентатот врз претседателот Жовенел Моис, од кои 26 се државјани на Колумбија, а двајца се Хаиќани, ијзави шефот на нациналниата полиција Леон Шарл. Додал дека 17 од нив се уапсени, а седуммина се убиени во полициските операции, додека уште се трага по вкуно осум луѓе, пренесува Reuters.
Во меѓувреме министерството за одбрана на Колумбија, потврди дека меѓу осомничените се поранешни припадници на тамошните вооружени сили.
„Во врска со атентатот врз претседателот на Хаити, Жованеч Моис, денеска Интерпол официјално побара информации од колумбиската влаа и Националната полиција за осомнитечните извршители на тоа злосторство. Првичните информации сугерираат дека станува збор за колумбиски државјани, пензионирани припадници на Националната армија“, објави на Twitter колумбискиот министер за одбрана Диего Молано Апонте додавајќи дека владата веднаш наредила полицијата и армијата транспарентно да соработуваат со истрагата.
Претходно весникот The Washington Post повикувајќи се на министерот за избори и меѓупартиски односи на Хаити, Матијас Пјер, објави дека меѓу уапсените е и Американец со хаитско потекло.
Матијас Пјер, исто така, за агенцијата Reuters потвдил дека изборите на за нов претседател на Хаити ќе се одржат како што претходно било планирано, на 26-ти септември годинава.
Премиерот на владата на Хаити, Клод Жозеф, кој привремено на извршува и должноста шеф на државата по убиството на Жованел Моис, претходно изјави дека општите избори закажани за 26-ти септември ќе се одржат навреме без одложување.
Претседателот Моис беше смртно застрелан при напад во неговата резиденција ноќта кон средата. Неговата сопруга Мартин Моис сѐ уште се наоѓа во критична состојба.