Групната фаза во ЛШ е приоритет за Борусија Д.

Извршниот директор на Борусија од Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватце, испрати јанса порака до предводникот на “милионерите”, Јирген Клоп, дека клупските челници нема да бидат задоволни доколку Борусија на крајот од сезоната ја освои четвртата позиција на табелата.

„Во овој момент, четвратат позиција е нешто прифатливо, но никој во клубот нема да биде задоволен доколку бидеме на истата позиција и на крајот од актуелната сезона. Четвртата поциција не е зацртаната цел на Борусија од Дортмунд. Сакаме директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Зборуваме за нешто реално, лесно можеме да ја исполниме таа цел, а нормално дека сите во клубот се убедени дека мора да имаме подобар резултат во пролетниот дел од сезоната”, изјави Ватцке.
Вицешампионот на Германија моментално има 12 бода помалку од актуелниот лидер на табелата, тимот на Баерн (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.