Грузиската полиција упадна во канцелариите на главната опозициска партија и го притвори лидерот

32

Грузиската полиција упадна во канцелариите на партијата на опозицискиот лидер Ника Мелија и го притворила во вторникот претпладнето, неколку дена оркако премиерот даде оставка по несогласувањата по прашањеата дали познатиот политичар да се стави во притвор.

Мелија, лидер на опозицското Обединето национално движење е обвинет дека поттикнувал насилство на уличните протести во јуни 2019 година, што овој го отфрла како политичко мотивирана одлука.

Судот во главниот град Тбилисија минатата седмица нареди притвор за Мелија поради тоа што наводно не платил кауција во износ од 12.000 американски долари. Министерството за внатрешни работи најави дека го одложува извршување на наредбата за притворањето на опозицискиот лидер по минатонеделната оставка на премиерот Георгиј Гахарија.

Снимките од канцелариите на опозициската партија покажуваат дека Мелија се забарикадирал во порсторија со неколкумина свои приврзаници, додека опозициските активисти се судрија со полицијата на улиците.

„Ги повикуваме претставниките на двете политички опции и нивните приврзаници да протестираат мирно, да се воздржат од насилни акции и да не се мешаат во одлуката на судот“, изјавиле од министерството за внатрешни работи коментирајќи ја одлуката за притворање на Мелија.

Досегашниот премиер Гакарија, кој поднесе оставка на 18-ти февруари, изјави дека неговата одлука е поттиокната од несогалсувањето со својот кабинет околу притворањето на Мелија. Според Гакарија притворањето на опозицискиот лидер е неприфатливо доколу предизвика политички поделби во оваа јужнокавкаска земја со 3,7 милиони жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.