ГШ на Украина: Русија загуби 5.710 војници, има 200 затвореници

Од почетокот на воените операции во Украина руските загуби изнесуваат 5.710 војници, има 200 затвореници, а уништени се 29 воени авиони и седум хеликоптери, седум системи за противвоздушна одбрана, 24 повеќеракетни артилериски системи и повеќе стотици парчиња друга воена опрема, тврди Генералштабот на оружените сили на Украина.

Агенцијата „Укринформ“ пренесува статус објавен на официјалниот Фејсбук-профил на Генералштабот, во кој се наведува дека украинската армија уништила уште и 198 тенкови, 846 оклопни борбени возила, 77 артилериски орудија, 305 сервисни возила, како и 60 цистерни за гориво, три оперативно-тактички беспилотни летала и два чамца.

Според Генералштабот на армијата на Украина, податоците се пречистуваат, а точната пресметка е комплицирана за изведување заради воените активности што се во тек.