Гуарин распали по челниците на Интер

Италијанскиот калчо гигант Интер е во центартот на фудбалското внимание поради тешките зборови кои колумбискиот интернационалец Фреди Гуарин ги упати кон клупските челници.

„Интер, твоите челници се виновни за ваквата ситуација. Тие ме ставија на списокот за продажба. Јас одлично се чуствував во Милано, убаво ми беше во редовите на Интер. Сакам под итно да се разјасни оваа ситуација, сакам да покажете респект кон мене, кон мојот агент и кој моите фанови. Сакам јавно да им се заблагодарам на моите фанови кои беа покрај мене и во овие тешки моменти, кои ја почитуваат мојата работа. И ако заминам, тие секогаш ќе бидат дел од моето срце. Благодарение на Интер јас го исполнив големиот сон, а ако останам тогаш ќе дадам се од себе, се со цел да му помогнам на Интер”, изјави крилниот напаѓач.