Губат контрола – Вон изборен период делат пропаганден материјал без заштитна опрема

Зоран Заев е спремен да гази по човечки трупови. Зоран Заев си дозволува да го загрозува здравјето на граѓаните, пуштајќи ги своите партиски активисти вон изборен период да делат пропаганден материјал без заштитна опрема, со што го жртвува секого само за да си ја спаси партиската фотелја и да го намали поразот што му претстои на изборите, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

„Зоран Заев наместо да се справува со епидемијата тој ја расплантува. Згрозувачки беа фотографиите како партиски активисти делат наводна помош без заштита. Човекот губи секаква контрола и е спремен на се само да одбегне одговорност.

Освен што е дегунтантно претставува и здравствено хари-кири, претставува и кршење на законите.

Почитувани,

Хибридниот режим на Зоран Заев не му е гајле за закони, не му е гајле за државата, не му е гајле за граѓаните. Хибридниот режим на Зоран Заев длабоко загазува во мешањето на државата и партијата. Во хибридниот режим на Зоран Заев не се знае дали министрите се државни функционери или невладини активисти. На Заев важно му е да тече предизборната партиска кампања иако ниту избори се договорени, ниту кампањата е започната. Цела држава ја претвори во својот картел.

Додека хибридниот режим на Зоран Заев притиска за долги неколкудневни карантини, полициски часови среде празници организираат масовни средби за фотографирање во изборни цели.

Заев ги пушти министрите од СДСМ во изборна кампања иако тоа е спротивно на Законот. Ама тоа не им е грижа, ќе плати Заев за грешките на владата преку семејната невладина.

Дамјан Манчевски по низата лаги искажани за ширењето на заразата, лажно осудувајќи верски настан, денес дели пропаганден материјал за избори. Опколен со луѓе без заштитна опрема во Парк се фотографира и нему не му е важно за ништо друго освен за изборната кампања. Гајле му е за здравјето, важна е фотелјата и бегството од правдата.

Министерот за надворешни работи ја заглави државата, ја остави понижена и нема ниту збор за нападите и негирањето на македонскиот идентитет, јазик, посебност и историја. Ама Никола Димитров ќе дели пропаганден материјал низ Градскиот Парк. Гајле му е за националните интереси, важна е фотелјата и бегство од правдината.

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ ја злоупотребуваат државата, ресурсите, власта, медиумите, здравјето на граѓаните, вонредната состојба. Го злоупотребуваат и граѓанскиот сектор. Зоран Заев и СДСМ исплашени од изборниот пораз, се подлабоко навлегуваат во криминогени и незкаонски дејствија. Делеа пакети поткуп, наводна помош иако немаа регистрирано невладина организација.

Денес министри на владата се шетаат делејќи пропаганден материјал, па дали Манчевски и Димитров се министри или невладини активисти. Ова е недозволиво и е вон сите демократски норми, ова е вон стандардите за фер избори. Ова е вон Изборниот Закон. Ова е вон сите европски и светски делувања. Ова е корупција, ова е криминал.

ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне, не правиме компромиси со криминалот, имаме морален кодекс. Различни сме затоа што умееме да ги поправиме грешките и да се извиниме.

СДСМ тоа го нема. Има криминал, корупција, злоупотреби и терор. Хибриден кон авторитарен режим. Има крешење на Изборните Закони и злоупотреба на министри во изборни цели сред смртоносна епидемија. Зоран Заев и СДСМ исплашени од поразот и соочувањето со лицето на правдата, отворено ги кршат законите.

Повикуваме ДИК, Антикорупциската Комисија, Обвинителството и сите релевантни државни но и граѓански организации да го осудат ова однесување кое што ги нарушува изборните правила, го нарушува амбиентот за фер изборна трка и длабоко загазува во нарушување на кредибилноста на претстојните предвремени избори“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.