Гундоган не се пали на Јунајтед, Реал (М) и Баерн (М)

Не само што ги одби примамливите понуди на Реал (М), Манчестер Јунајтед и Баерн (М), кои му нудеа дупло поголема плата, репрезентативецот на Германија и фудбалер на Борусија од Дортмунд, Илкаи Гундоган потврди дека веќе го потпишал новиот договор кој го обврзува да остане на “Сигнал Идуна Парк” до 2016 година.

„Многу сум среќен и благодарен што мојот клуб ми даде шнаса да останам во Дортмунд и да бидам дел од овој специјален тим и да бидам дел од оваа специјална околина. Ќе дадам се од мене, ќе направам се што е во мојата моќ за да им помогнам на моите тимски колеги. Јас сум голем оптимист кога е во прашање новата клупска сезона”, изјави Гундоган.

Спортскиот директор на Борусија од Дортмунд, Михаел Цорк додаде дека Гундоган е на добар пат најпосле да се рехабилитира од незгодната повреда на грбот.

„Многу сме среќни поради потпишаниот договор. Ја продолживме соработката и покрај незгодната повреда на Гундоган. Сите се надеваме дека Илкаи ќе биде подготвен за игра на стартот од новата сезона”, изјави Цорк.