Гурбетџиите се враќаат за празниците, тисканици на скопскиот аеродром

Враќањето на голем број луѓе што живеат и работат во странство пред Божиќните и новогодишните празници создаде огромна турканица пред Меѓународниот аеродорм во Скопје.

Порталот „Тетова 1“ објави фотографии од просторот пред аеродромската зграда  на коишто се гледа толпата народ која што ги чека своите блиски да слетаат од европските градови за празниците да ги прослават дома.