Гурбиндо го напушти Вардар, мина во Динамо Букурешт

Шпанскиот ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо по само еден месец откако пристигна во Скопје, се раздели од Вардар.

Искусниот десен бек беше најавен како големо и најзвучно засилување на Вардар во паузата меѓу двете сезони, но нивната соработка веќе е прекината, затоа што Гурбиндо кариерата ќе ја продолжи во Романија, бранејќи ги боите на Динамо Букурешт.

Во романскиот гигант, кој со големи амбиции ја започна новата сезона Шпанецот одново ќе соработува со Чави Пасквал, со кого во минатото беа дел од успешната приказна на Барселона.

Причините за ваквите одлуки на раководството на Вардар не се познати, односно дали Шпанецот сам побарал експресно заминување или, пак, оваа разрешница е сметана како најдобра за двете страни.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.