Густа магла го заглави Министерот Иво Ивановски на аеродромот во Истанбул

53

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, треба да учествува на првиот состанок на Независниот панел за иднината на глобалната интернет соработка, кој ќе се одржува денеска  и утре во Лондон. Но, поради густата магла која го зафати главниот град на Велика Британија, летот на министерот Ивановски беше одложен, јави Република.

Тој на  „Твитер“ се пожали дека е заглавен на аеродромот во Истанбул.

ivoaerodrom

Неодамна, министерот Ивановски беше поканет за член на панелот од страна на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), а покрај него на состанокот ќе учествуваат и голем број познати имиња кои ќе бидат дел од настанот, меѓу кои Мохамед ал Ганем, основач и генерален директор на Телекомуникациската регулаторна управа во Обединетите Арапски Емирати, Винт Церф, потпретседател на „Гугл“, Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ICANN, Џими Велс, коосновач и промотор на „Википедија“, Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа и поранешен премиер и министер за надворешни работи на Норвешка, Мичел Бејкер, од Фондацијата „Мозила“, Томас Илвес, претседател на Естонија и поранешен дипломат и новинар и многу други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.