Гутереш повика за воздржаност меѓу Индија и Пакистан

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност откако Индија ја укина автономијата на индискиот дел на Кашмир, со цел да го интегрира тој регион со мнозинство муслимани.

Гутереш „апелираше до сите страни да покажат воздржаност“, рече портпаролот на ООН, Стефан Дијарик.

Тој предупреди дека членовите на мировната мисија на ООН кои го надгледуваат прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан во Џаму и Кашмир „регистрирале зголемување на воените активности по должина на контролната линија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.