Гутереш денес треба да се сретне со Владимир Путин

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш треба денес во Москва да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Би-би-си наведува дека очекувањата од состанокот во Москва се мали по досегашните неуспешни дипломатски напори.

Гутереш потоа во четврток во Киев треба да се сретне со претседателот на Украина Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

Кулеба го повика Гутереш да изврши притисок врз Русија за да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од Мариупол, градот под контрола на руската војска.

Генералниот секретар на ОН вчера во Анкара се сретна со Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција кој ОН до смета за добар домаќин на хуманитарните разговори на Украина и Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.