Гутереш е за изготвување на нов устав на Сирија, како чекор кон мирот

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека првиот состанок на комитетот за нацрт новиот устав на Сирија утре во Женева претставува „единствена можност“ за мир.

Тој наведе дека очекува  комитетот, кој брои 150 членови, меѓу кои и претставници на сириската Влада, опозицијата и цивилното општество, ќе работи „во добра вера“.

– Значителното ангажирање на членовите на комитетот мора да биде проследено со прекин на непријателствата во цела Сирија.

Инсистирањата на ОН да се разговара за завршување на осумгодишната војна во Сирија не даде резултати.