Генералниот секретар на Обединетите нации, Антинио Гутереш, на првиот самит на светската организација за кризата на биолошката разновидност во средата апелираше дека човештвото мора да го запре „војувањето со приридата“.
„Мораме да ја промениме насоката и да го трансформираме својот однос со природниот свет“, изјави Гутереш.
„Мораме да ја промениме насоката и да го трансформираме својот однос со природниот свет“, рече Гутереш.
Ддоаде дека една од последиците од нерамнотежата со природата, предизвикани од крчењето на шумите, од климатските промени и производствтоо на храната, се појавите на смртоносните болести како СИДА, Covid-19 и еболата.
„Деградацијата на природата не е чисто еколошко прашање, таа ја опфаќа економијата, здравствтоо, социјалната правда и човековите права. Знемарувањето на нашите драгоцени ресурси може да ги влоши геополитичките тензии и судири. Сепак, пречесто здравјето на природната средина го занемаруваат и го намалуваат другите владини сектори“, рече Гутереш.
Додадек дека земјите „главно потфрлија“ во заштитата на планетата.
На почеоткот од септември ОН објави голема преоцена која утврди дека ниедна од 20-те глобални цели на биолошката разновидност, договорени пред 10 години со рок до 2020-та, целосно не е исполнета.
Гутереш рече дека владите мора да вклучат решенија кои се засноваат на природата и планот на закрепнувањето од пандемијата на короновирусот, притоа вложувајќи во шумите, мочуриштата и океаните.
„Природата мора да се земе предвид на финансиските пазари, бидејќи моменталниот систем тежеше кон уништување, а на кон зачувување“, додае првиот човек на светската организација.
Гутереш, исто така, ги повика светските челници да обезбедат „најамбициозни мерки и цели кои го штитат“ природниот свет низ рамката на биолошката разновидност која ќе биде усвоена на конференцијата на ОН за биолошките разновидности COP15 следниот мај во кинески Кинминг.