Гутереш од самитот за вакцинирање: Вакцината против коронавирусот ќе биде достапна за сите

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, порача во четвртокот дека идната вакцина против новиот коронавирус мора да се смета за „светско јавно добро“ кое мора да биде достапна за сите, на отворањето на самитот за собирање средства за вакцинирање.

Сојузот за вакцинирање (Gavi) се надева на оваа виртуелна конференција, на која се пријавија над 50 земји и повеќе од 35 шефови на држави и влади, ќе собере 7,4 милијарди долари за продолжување на светската кампања за вакцинирање против рубеола, детска парализа и тифус, коишто во голема мерка се запрени поради пандемијата на Covid-19.

Од конференцијата би требало да бидат упатени и повици за собирање средства за купување и производство на идната вакцина против Covid-19, како и за поддршка за нејзина дистрибуција во земјите во развој. Кога станува збор за вакцината против новиот коронавирус, целта на Gavi е да се соберат две милијарди американски долари.

„Вакцината против Covid-19 мора да се смета за светско јавно добро, вакцина за сите луѓе“, изјавил генералниот секратар Антониот Гутереш во видео обраќањето на отворањето на самитот, истакнувајќи дека многу светски чекници упатиле апели во истата смисла, пренесува AFP.

Предупреди дека поради пандемијата на коронавирусот се прекинати многу кампања за вакцинирање. Гутереш истакнал дека 20 милиони деца не се целосно вакцинирани, а секое петто дете воопшто не е вакцинирано.

„Да пронајдеме сигурни средства вакцинирањата да продолжат и покрај пандемијата (…) и кога вакцината против Covid-19 ќе биде достапна, да се погрижиме да биде достапна за сите“, апелирал Гутереш.

Американскиот претседател Доналд Трамп во кусото обраќање истакнал дека коронавирусот покажал дека гранците за болестите не постојат, и порачал дека светската заедница проблемот ќе го реши со заеднички сили. „Тој е злобен, тој е страшен, но тоа ќе го решиме заедно“, рекол Трамп.

Домаќинот на самитот, британскиот премиер Борис Џонсон, повикал на „нова ера на соработка“ во светот, кога станува збор за здравјето.

Обединетото Кралство, каде што коронавирусот однесе речиси 40.000 човечки животи, е најголемиот донатор на Gavi, ветувајќи му на сојузот 1,65 милијарди фунти во период од следните пет години.

Американскиот милијардер Бил Гејтс, чијашто фондацијата е силно ангажирана во потрага по вакцината за Covid-19, порачал дека фармацевтските компании се свесни дека вакцините се јавно одбро и дека профитот не им е единствената цел. Нагласил дека вакцината, кога ќе биде достапна, ќе биде дистрибуирана кон повеќе од 80 отсто од населението за да се развие ткн „имунитет на стадото“ и да се победи болеста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.