Гутереш побарал од Русија прекин на огнот во Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, изјасви во вторникот во Москва дека во Украина мора да биде прогласен прекин на огнот што е поскоро можно.

„Исклучително сме заинтересирани да се изнајдат начини да се создадат услови за ефикасан дијалог, да се создадат услови за прекин на огнот колку што е можно побрзо, да се создадат услови за мирно решение“, изјави Гутерепш за новинарите пред состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Иако ситуацијата во Украина е „сложена и постојат различни интерпретации на она што се случува“, можен е „сериозен дијалог за тоа како да се постапи за патењата на луѓето да бидат што помали“, додаде Гутереш.

Челникот на светската организација подоцна во текот на денот ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа ќе отпатува во Киев.

Украинските власти остро ја критикуваа одлуката на Гутереш прво да ја посети Русија. Претседателот Владимир Зеленски рече дека во таквиот распоред „не гледа никава правдина, ниту логика“.

Од почетокот на руската воена итервенција во Украина, ОН се маргинализирани, а една од причините е и тоа што Русија, заднос со Кина, САД, Велика Британија и Франција се постојани члебнки на Советот за безбедност при ОН и руско-украинскиот конфликт предизвика криза меѓу оваа петорка.