Русија смета дека е можна улогата на Обединетите нации во евакуациајта на цилвилите од источна Украина, изјави во вторникот портпаролот на генералсниот секретар на светската организација Антонио Гутереш.
По едночасовниот состанок меѓу Антониот Гутереш и рускиот претседател Владимир Путин, портпаролот на шефот на ОН изјави дека Кремљ „начелн осе согласил на учеството на Обединетите нации и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за евакуација на цивилите од фабриката Азовстал крај Мариупол“.
Обединетите нации ќе останат во контакт со руското министерство за одбрана во врска со оваа тема, изјави портпаролот Стефан Дужарик.
Добро утврдената со мрежа подземни коридори челичарница „Азовстал“ крај Мариупол е последната база во којашто се кријат околу 2.500 припадници на украинската војска, припадниците на паравоените формации на екстремистичките неонацистички украински движења и странски платеници.
Дури по две седмици од почетокот на руската опсада на „Азовстал“ и по предавањето на околу 1.500 украински маринци од комплексот, Киев и Западот одненадеш објавија дека во големиот коплекс имало и цивили заедно со борците. Москва оцени дека станува збор за вообичаената практика на украинските паравоени сили кои цивилите ги користат како „жив ѕид“.
Гутереш и Путин, исто така, разговарале и за подобрувањето на вкупната хуманитарна помош на Украина, рече Дужарик.
Станува збор за прва посета на Гутереш на Москва, откако на 24-ти февруари започна руската офанзива во Украина. Подоцна седмицава ќе го посети и Киев.
Украинските власти остро ја критикуваа одлуката на Гутереш прво да ја посети Русија. Претседателот Владимир Зеленски рече дека во таквиот распоред „не гледа никава правдина, ниту логика“.