Гутереш: Слободата на медиумите е нападната секаде во светот

Слободата на медиумите е нападната секаде во светот, изјави вечерва генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, осудувајќи ги нападите врз новинарите, како и дезинформациите.
– Сите наши слободи зависат од слободата на медиумите … Слободата на медиумите е витален елемент на човековите права, рече Гутереш во видео порака емитувана во пресрет на утрешниот Светски ден на слободата на медиумите.
Гутереш додаде дека „слободата на медиумите е нападната насекаде во светот“, наведувајќи дека новинарите и медиумските работници се директно цел на напади онлајн и вон социјалните мрежи, додека извршуваат важна работа.
Генералниот секретар на ОН се осврна и на дезинформациите.
– Вистината е загрозена од дезинформации и говор на омраза кои се обидуваат да ги замаглат границите меѓу фактите и фикцијата, меѓу науката и заговорот, додаде Гутереш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.