За анексијата на украинските региони на Русија која треба да биде довршена во петокот, нема место во модерниот свет, оцени во четвртокот за новинарите генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Рускиот претседател Владимир Путин, според најавите, во петокот официјални ќе го потпише указот со кој четирите региони југоисточна Украина во кој мнозинството жители се Руси и рускојазични Украинци. Станува збор за регионот Луганск, Доњецк, Херсон и Запороже, каде што сепаратистичките проруски власти кои ја имаат контролата заедно со руската војска организираа референдуми и според нив со огромно мнозинство тамошните гласачи се изјасниле за присоединување на Руската Федерација.
Западот и Украина ги сметаат за незаконски таквите референдуми, и сметаат дека станува збор за нелегално руско анектирање на најмалку 15 отсто од украинската територија.
„Секоја одлука да се продолжи со анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје не би требало да имаат правна вредност и заслужуваат осуда. Тоа е против сѐ што меѓународната заедница би требало да претставува. Тоа ги изневерува целите и принципите на Обединетите нации. Тоа е опасна ескалација. За неа нема место во модерниот свет. Не семе да биде прифатена“, изјави Гутереш.
Истакна дека „секоја руска одлука да продолжи во таа насока дополнително ќе ги загрози изгледите за мир“.
„Тоа ќе ги продолжи драматичните влијанија врз глобалната економија, особено врз земјите во развој, и ќе ја попречи нашата способност за испораката на итна помош на Украина и пошироко. Крајно време е да отстапиме од амбисот“, додаде челникот на ОН.
САД и Албанија се подготвуваат за нова резолуција со којашто ОН ќе ги осудат референдумите во Украина, кои претходно ги осуди колективниот Запад.
Текстот повторно прво ќе биде претставен на Советот за безбедност при ОН, каде што Русија и нејзиниот сојузник Кина како и САД, Велика Британија и Франција имаат право на вето, пред подоцна да биде преставен на Генералното собрание каде ниедна од 193-те земји членки немаат право на вето.
Во средата зборувајќи за текстот предложен од Албанија и САД, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја го праша албанскиот амбасадор Фертот Хоџа зошто руските жители на украинските територии немаат право да се изјаснат на референдум за независност и присоединување на Русија, а албанските жители на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија имаа право само со декларација да прогласат независност, алудирајќи на 2008 година, кога независноста на Косово ја признаа западните земји предводени од САД, што според него е правен акт.
„Западот тогаш тврдеше дека меѓународното право не забранува прогласување независност. Денес слушаме радикално поинаква позиција од претставниците на западните делегации“, рече Небензја.
Покрај тоа, рускиот амбасадор направи споредба дека во 2008 година косовските Албанци не ги загрозувало ништо имајќи го предвид присуството на меѓународната мисија КФОР вклучително и НАТО, за разлика од руското население на Крим, Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје кое по превратот во Киев во 2014 година е под континуирани напади на украинските сили во кои загинале повеќе од 15.000 луѓе, главно цивили и деца.