Гувернерот на Рио де Жанеиро позитивен на Ковид-19

O governador eleito do Rio de Janeiro, Wilson Witzel, fala à imprensa após reunião com o presidente Michel Temer, Palácio do Planalto.

Гувернерот на бразилската држава Рио де Жанеиро, Вилсон Вицел, соопшти дека  е позитивен на коронавирус.

Вицел, еден од најистакнатите противници на мерките за ублажување на пандемијата на Ковид-19 во Бразил, воведни од претседателот Жаир Болсонаро, на Твитер соопшти дека во петокот почнал да ги чуствува симптомите на болеста.

„Денеска се покажа дека резултатот од тестот е позитивен…. Сега се чувствувам добро и ќе продолжам да работам слушајќи ги советите на лекарите“, напиша Вицел (52) вчера на Твитер.

Во Рио де Жанеиро, со околу 16 милиони население, има регистрирани 224 заболени од коорнавирус, пренесува Франс24. Во Бразил, како една од најтешко погодените јужноамерикански држави од Ковид-19, досега се регистрирани 1.300 смртни случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.