Гувернерот на Њујорк по тужба дозволи собири до 10 лица

Роберт Барк, кој настапува како Голиот каубој, позира пред фотографите на њујоршки Тајмс Сквер во време на едидемијата на коронавирусот (Saturday, May 23, 2020, in New York/AP Photo/Frank Franklin II)

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк дозволи собири до десет лица, откако здружение за граѓаниснки права подигна тужба поради неговата уредба според којашто собирањата се дозволени само за Денот на сеќавањето и за верски обреди.

Сојузот за граѓански слободи на Њујорк (NYCLU) го тужеше гувернерот Ендрју Куомо во името на две жени коишто двапати биле уапсени бидејќи протестирале против карантинот пред њујоршкиот Градски совет.

Од NYCLU тврдат дека Куомо со уредбата го прекршил првиот амандман од уставот на САД, бидејќи дозволил одредени собири, а ограничил протести во текот на епидемија, поради што таа е дискриминаторска. Сега од здружението ја поздравија одлуката на гувернерот.

„Мило ние што гувернерот ја променил позицијата на вчерашната извршна уредба. Правото на протести и слободата на говорот се темелите на сите други наши слободи, а токму во текот на кризата треба да бидеме најревносни во одбраната на овие слободи“, изјави главниот правник во NYCLU, Кристофер Дан.

Куомо во петокот потпиша дополнета извршна уредба, според којашто дозволени се собири до десет лица во „секакви законски цели или причини“, со одржување на два метра оддалеченост ии придржување на епидемиолошките мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.