Гужва на премините „Богородица“ и „Табановце“

Гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција има и овој продолжен викенд. За разлика од сите гранични премини, овде се чека и до еден час, за да се помине границата.

Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата. Подолго време на чекање има и на „Табановце“, за влез во Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.